Јавното комунално претпријатие „Комуна“ го чистеше целиот простор на Мечкин Камен во Крушево откако заврши централната прослава за одбележување на празникот Илинден.

Општина Крушево објави дека на работниците им се приклучи и градоначалникот Томе Христоски, порачувајќи дека  хигиената е еден од приоритетите за локалната самоуправа.

– Денес поминавме еден убав ден. Го одбележавме празникот Илинден на достоинствен и мирен начин, со многу посетители од цела држава. По завршувањето веднаш пристапивме кон чистење на просторот за од утре тој  да може да се користи за пикник и прошетки на крушевчани и сите туристи во Крушево, изјави градоначалникот Христоски