Германските цариници во Хамбург заплениле четири и пол тони кокаин, соопштија локалните власти.
Вредноста на кокаинот на црниот пазар достигнува една милијарда долари.
Кокаинот бил откриен пред две недели во контејнер што се движел кон Белгија од Уругвај.
Германските власти соопштија дека дрогата е веќе уништена.
До денес, тоа е најголемата заплена кокаин откриена во една пратка во Германија.
Comments are closed for this post.