Министерот за надворешни работи Никола Димитров на Фејсбук го честиташе Илинден, цитирајќи го Адлај Е. Стивенсон дека патриотизмот не е краток изблив на емоции, туку смирена и постојана посветеност во текот на целиот живот. Како што пишува тој Илинденците дигнале востание за правда и слобода, Асномците обезбедиле државност, а нашата генерација треба да ја заштити татковината зачленувајќи се во НАТО, обезбедувајќи европска иднина и зацврстувајќи го идетитетот.
Секоја генерација си има своја историска планина. Во 1903 Илинденците дигнале востание за правда и слобода. Во 1944 Асномците обезбедиле државност. Планината на нашата генерација е да си ја заштитиме татковината зачленувајќи се во НАТО, да ја обезбедиме иднината преку европскиот воз и да го зацврстиме идентитетот решавајќи ги споровите со соседите и меѓусебно прифаќајќи се. Каузата на нашата генерација можеби најмногу е да загриземе здраво и одлучно во борбата против раскомотените мрежи на криминалот и корупцијата. Тоа им го должиме и на Илинденците, и на Асномците, и на идните генерации, напиша Димитров.
Comments are closed for this post.