Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов одговори на прес-конференцијата на Наум Стоилковски со Фејсбук статус.
Костадинов беше повикан да одговори дали го злоупотребил своето влијание како пратеник, портпарол и помошник на Заев.
„Во Струмица за таквите како Наум од ДПМНЕ велиме „Ак’ло го лаже нема кој да му каже“ И ВМРО-ДПМНЕ и нивниот портпарол треба да знаат дека секоја општина има стотици меморандуми за соработка со невладини организации, фондации, граѓански иницијативи и дел од потпишаните меморандуми се реализираат а дел не се реализираат. Во случајот што во очај го конструира ВМРО-ДПМНЕ, Општина Струмица немала никаква активност со спомената невладина организација. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ партијата која промовираше, штитеше и прикриваше незаконски постапувања, за нас во СДСМ борбата против криминалот и корупцијата не познаваат партиски бои и таа треба да биде одлучна и бескомпромисна. Во интерес на вистината, веќе неколку денови јавно истакнувам дека стојам на располагање на институциите доколку има потреба за каква било информација. За сите клевети изговорени од страна на портпаролот во белиот дворец, ќе следуваат соодветни тужби“, пишува Костадинов.
Стоилковски претходно на прес-конферебнција рече дека Костадин Костадинов, како в.д. градоначалник на Струмица потпишал Меморандум за соработка со невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, еден од главните актери во случајот „Рекет“. Според него Костадинов, заедно со како што рече неговиот учител Зоран Заев, до гуша се вмешани во афери и криминални скандали.
Comments are closed for this post.