Никој од тимот од детска кадриохирургија на Клиниката „Жан Митрев“, не најавил дека ќе поднесе оставка, соопштија од Министерството за здравство по пишувањата во медиумите дека поради неисполнети услови, и сериозни недоразбирања со новиот газда, целиот тим е пред оставка.
Од министерството додаваат дека доколку одредени доктори по сопствена иницијатива сакаат да ја напуштат Клиниката, тоа не значи престанок на спојувањето на експертизите во државно и приватно здравство, и дека сега и понатаму ќе се извршуваат кардиохируршките операции на децата, кои се на товар на Фондот
„Конкретно, сите пациенти кои имаат потреба и понатаму ќе ја добиваат неопходната и квалитетна здравствена заштита во оваа Клиника, затоа што има експерти и доктори од Република Србија, кои во директна соработка со македонските доктори работат на овозможување соодветен здравствен третман на сите пациенти, вклучително и на децата до една година. Кардиохируршките операции кои се извршуваат во приватната болница ќе продолжат да се извршуваат на товар на Фондот, како и досега. Болницата има склучено годишен договор за операции на деца до една година и овој концепт нема да се наруши“, стои во соопштението.
Од Министерството истакнуваат дека од аспект на професијата, природно е да има промени во работниот ангажман на доктори и медицински персонал, но ваквите флуктуации на работни места никако нема да влијаат на концептот кој е уреден со договорот, со што нема да бидат загрозени пациентите кои имаат потреба од ваков вид здравствена услуга.
На крајот соопштуваат дека во случај да има некакви промени во врска со предметниот договор, очекуваат Клиниката „Жан Митрев“ формално да се обрати до Министерството за здравство.
Comments are closed for this post.