Македонија тоне во криминал. Локални шерифи на власта ги тероризираат граѓаните, а институциите молчат и го штитат криминалот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Почитуваниот Усеини, како што милува да каже Заев, повторно е вмешан во насилен инцидент, а овој пат тој отиде и чекор подалеку закануваќи му се на универзитетски професор дека ќе го убие. Советникот Нефи Усеини го тероризира Охрид и Охриѓани и ова не е прв пат физички да нападне граѓанин и да не биде санкциониран. Усеини според сведоштвото на жрвата, на диво се приклучил на водовоната мрежа и од него крадел вода, па откако повика екипа на Водовод, советникот се реши физички да се пресмета со него. Претходно медиумите информираа дека тој физички нападнал и инспектори кои правеле записник за неговата дивоградба во центарот на Охрид, а целата јавност знае и за нападот врз советникот од друга политичка партија на седницата на Советот во општина Охрид. Медиумите ја запознаа јавноста дека Усеини од општина Охрид добивал и тендери вредни стотици илјади евра, а во случај кога тој е советник во општината станува збор за класичен судир на интереси. Со своето дивеење Усеини го загрозува и статусот на Охрид како град заштитен од УНЕСКО, поради фактот што самиот тој поседува две дивоградби, една која се наоѓа на охридското крајбрежје и една во централното заштитено градско подрајче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат дека Усеини е симбол за владеењето на Зоран Заев.
-Тој е пример за башибозукот, анархијата и дивеењето на локалните шерифи на власта за кои не важат законите, правото и правдата. За да се стави крај на шерифите, мора да се стави крај на владеењето на Зоран Заев. За да се врати правдата во Македонија и да одговораат сите оние кои се огрешиле пред законот, Заев мора да ја заврши својата тажна политичка кариера, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.