Чилеанските власти ја истражуваат нафтената дамка што настанала со излевање на 40.000 литри нафта кај еден остров во јужен Пацифик, сооопшти чилеанската морнарица.
Рударската компанија ЦАП соопшти дека дамката настанала поради излевање на нафта од нивниот терминал на островот Гуарело, јавија британските медиуми.
Чиле почна акција за сузбивање на последиците од излевањето на нафтата врз околината, а причината зошто дојде до загадувањето се уште се испитува, соопшти морнарицата.
Comments are closed for this post.