Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Зоран Заев го пушти на слобода Жан Железарски, кој наместо да биде во затвор рекетира, се заканува и тепа луѓе низ Кочани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев донесе слобода за криминалците, а страв за граѓаните. Недолжни луѓе ги трпат криминалните банди на Заев и нивниот терор. Власта не се справува со криминалот. Власта го стимулира криминалот. Убиецот на Мартин Нешковски наместо во затвор е на слобода, на слобода се и двајцата убијци од Арачиново кои ликвидираа три деца, а во затвор лежат граѓани за прекршок кога немаат пари да ја платат казната. Убијците од „Монструм“ се на слобода, а искрени патриоти и родољуби во затвор, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Зоран Заев си игра со судбината на цели семејства.
-Законите во Македонија не важат кога е во прашање власта. Нема отворен случај за Драги Рашковски, за кого постои сомнение дека сторил криминал, а во станица се повикуваат и малтретираат новинари, кои објавиле материјали и информации од интерес на јавноста. Нема постапка против Катица Јанева, а целата јавност бруи дека таа е обвинителот кој ги извршувал ветувањата од „Рекет“. Зоран Заев е се уште премиер, иако неколкукратно е видео и аудио документиран во барање мито. Хаосот во кој СДСМ ја втурна државата мора да престане. Македонија заслужува правдина. Граѓаните очекуваат правда. Потребни се итни предвремени парламентарни избори и ЈО кое ќе биде финансиски независно и отпорно на влијанија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.