д главниот аеродром во Сао Паоло се украдени 720 килограми злато, чија вредност се проценува на повеќе од 30 милиони долари.
Бразилските власти соопштија дека не успеале да го пронајдат златото, а нема ни трага и од криминалната банда која била составена од најмалку 20 лица.
Според полицијата, групата прво го киднапирала директорот на карго сервисот на аеродромот и неговото семејство и ги држеле како заложници, за да го натераат на соработка. Потоа, во четвртокот дошле на аеродромот во пикап возила исфарбани за да личат дека се полициски, а неколку минути подоцна побегнале со златото, пренесуваат американските медиуми.
Comments are closed for this post.