Во лизгањето на земјиштето предизвикано од поројните дождови во Уганда загинаа повеќе од 30 луѓе. Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми додека владиниот спасувачки тим ќе стигне до областа кај планината Елгон, каде се случи лизгањето на земјиштето.
Надојдената река се излеза од коритото и потоци кал и вода ги поплавија селата во таа област.
Црвениот крст на Уганда наведе дека се пронајдени 36 тела, но еден локален претставник цитиран од весникот „Дејли Монитор“ соопшти дека досега се пронајдени 40 тела.
Кога водата надоаѓаше, таа донесе голем број големи камења, кои ги уништија куќите на луѓето, изјави портпаролката на Црвениот крст, Ирина Накасита.
Death toll climbs to 35 in #Uganda landslide pic.twitter.com/WDAOkVy5Oa
— CGTN (@CGTNOfficial) October 12, 2018
Во лизгање на земјиштето во истиот регион, Будуда, во 2010 година загинаа повеќе од 300 лица.
Comments are closed for this post.