Бугарската агенција за безбедност на храна потврди дека на уште две свински фарми во таа земја избила смртоносната африканска свинска чума.
Присуството на оваа високо заразна болест утврдено е на 19 јули во селото Николово, во бугарската североисточна област Русе, на фарма со околу 17 илјади свнињи, а потоа со лабораториски тестови вирус е откриен на 23 јули и на втора фарма во селото Брашлен во истиот регион, каде има околу 40 илјади свињи, наведува БФСА во соопштението.
Уништување на болните свињи на фармата во Николово е се уште во тек, наведуваат од бугарската агенција.
Comments are closed for this post.