Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на собраниската седница за пратенички прашања рече дека не добил одговор од премиерот Зоран Заев за тоа кој е потписник на договорот за Љупчо Зафировски да биде назначен за посебен советник на премиерот.
„Легендрен стана посебниот советник на Заев, Љупчо Зафировски затоа што и покрај сите настојувања премиерот не сака да одговори кој го потпишал договорот, ниту пак е достапна неговата биографија. Заев рече дека Зафировски имал посебни контакти со францускиот претседател Емануел Макрон. Но еве да расчистиме кој е Зафировски. Чепкајќи по неговата биографија дознаваме дека тој во 1999 година основа фирма за прехранбени производи под име „Фортуна“. Потоа таква фирма основа и во Струмица. Зафировски нема никаква врска со Макрон туку со фирмите на Заеви на кои им помага за извозот на прехранбени производи од „МАМАС“ во Србија. Затоа ја крие неговата биографија“, рече Милошоски и додаде дека не е задоволен од одговорот на премиерот.
Comments are closed for this post.