СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (59) од село Табановце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 07.06.2019 во Куманово, пријавениот на банкомат во два наврати употребил пронајдена платежна картичка, сопственост на Ц.М., при што неовластено подигнал парични средства во вкупен износ од 60.000 денари.