Катица Јанева призна дека освен двајцата осомничени кои што се приведени уште многу други луѓе уценувале и рекетирале повикувајќи се на нејзиното име односно повикувајќи се на СЈО, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој истакна дека таа и СДСМ мора да одговорат на следните прашања:
„Кои се другите луѓе кои рекетирале во име на Катица Јанева и на СЈО?
Зошто Катица Јанева цело време знаела дека и други луѓе освен Боки 13 рекетираат во нејзино име, но целиот тој период не пријавувала? Дали можеби се офајдила од она што го добивале за возрат?
Дали Катица Јанева призна практично дека дел од тие луѓе односно други луѓе кои што рекетирале се и Кики и Фрики кои што се од врвот на раководството на СДСМ и исто така рекетирале во нејзино име?
Колку време Катица Јанева рекетирала со овие луѓе и со Боки 13?
Дали сега веќе ги пријави Катица Јанева истиве овие луѓе што рекетирале и дали можеби и за нив има постапка?“
„Зоран Заев и Катица Јанева ја направија најголемата рекетарска шема каде што изрекетирале десетици милиони евра под превезот на СЈО. Веќе и на малите деца им е јасно дека ова е многу повеќе од индивидуален обид за рекет на Бојан 13-ка кој што можеби е само еден од пипците на октоподот на чие чело стои Зоран Заев“, рече Арсовски.
Рекетарските и криминални приказни во јавноста опфаќаат многу други имиња кои, како што потенцираше Арсовски, Катица Јанева треба да ги каже во обвинителството и сите да одговараат заедно со нејзе и Заев.
Comments are closed for this post.