Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Каракачанов нагласи дека научниците и професорите треба да изнајдат решенија, во насока на унапредување на добрососедските односи и соработката во иднина.
Македонија во Бугарија има пријател, партнер и фактор што ќе ги поддржи нејзините аспирации за интеграција во ЕУ, рече Каракачанов.
Што се однесува до Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања, Каракачанов рече дека таа си ја работи својата работа и работите се одвиваат во вистинска насока.
Нема што да делиме ние во историјата и да ги дефинираме противречностите меѓу двете држави. Но, тоа е тема која како што е познато има свое влијание и во бугарското и во македонското општество. Ние се разбираме и без преведувач, но тоа прашање сепак бара решение затоа што создава тензии меѓу луѓето. Сметам дека процесот се одвива во вистинска насока и да ги оставиме историчарите да работат на усогласување на ставовите, додаде Каракачанов.
Comments are closed for this post.