Наместо прес конференција, специјалната обвинителка Катица Јанева имаше обраќање до јавноста во врска со случајот „Рекет“ и со нејзиното исчезнување од јавноста по оставката што ја поднесе.
Таа се пожали дека од моментот на нејзиниот избор таа била цел на различни озборување и дневно политички препукувања но оти не жали и дека за тоа била свесна.Јанева го оправдува интересот за јавноста за случајот „Рекет“ и оти со молкот сакала да покаже дека не се меша во истражните дејствија.
Јанева вели дека не е вмешана во целиот случај.
Најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно, ниту со сторување ниту со несторување не ја злоупотребив должноста.Јавно ги охрабрувам правосудните органи до крај да ги расчистат сите околности. Точно е дека јас како и многу други лица се познаваме со лицето Бојан Јовановски, ниту пак сум криела дека мојот син работи во 1ТВ и дека комуницира со лицето.Но ова не значи дека некој стекнал право да ја злоупотребува мојата службена должност и овластување за да остварува евентуални привилегии или да превзема незаконите дејствија.Затоа очекувам низ една транспарента судска постапка да се стави крај на ова нанесување на мојата чест и углед.За жал подолг период до мене допираат гласови дека не само лицето Бојан Јовановски туку и многу други без да знам го злоупотребуваат моето име за различни цели-истакна Јанева.
Според неа, СЈО е позначајно од нејзината сегашна функција и дека ова Обинителство е симбол на беспоштедна битка со највисоките форми на корупција и организиран криминал.
По завршувањето на прес конференцијата Јанева не одговараше на новинарски прашања и ја напушти салата.
Comments are closed for this post.