Новинарот Александар Чомовски во утринската емисија на Канал 77 рече дека не се откажува од 1 Тв. Тој во емисијата „Стадион“ најави дека ќе остане со младите новинари и дека со нив ќе се обиде да ја спаси телевизијата чиј сопственик Бојан Јовановски е во притвор под обвинение за рекетирање бизнисмени.
Јас сум капетанот што последен го напушта бродот, не си заминувам од таму“ – рече Чомовски.
На забелешката на новинарот Столе Наумов дека ако треба и последен светлото ќе го изгаси, Чомовски рече:
Да, ако треба и светлото ќе го изгаснам. Не се откажувам, имам исконска потреба од нешто што згаснува да создадам нешто ново“ – рече Чомовски.
Comments are closed for this post.