Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ги отстапува надлежностите на Општината во областа на урбанизмот, во делот на издавање дозволи за градба, легализација на објекти, концесии и спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО на владините институции.
Со писмо, кое беше споделено на официјалната фејсбук страна на Општина Струга тој се обраќа до вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураку, до вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, до вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, до заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и до министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Имајќи ја предвид мојата отвореност и транспарентност како човек кој доаѓа од бизнис заедницата за кој последните случувања и неможноста да им излезам во пресрет на бизнис заедницата и граѓаните на општина Струга и да им помогнам да го развиеме нашиот град и да опстоиме во неговиот развој и во насока на спроведување на законите на РСМ, како градоначалник на Општина Струга имајќи ги предвид и последните случувања и политичката состојба во државата одлучив да Ви ги отстапам ингеренциите во областа на урбанизмот во делот на издавање дозволи за градба, легализација на објекти, концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО. Се надевам дека Вие како централна власт со вашите капацитети ќе имате подобро разбирање и визија за потребите на бизнис заедницата и општина Струга, стои во писмото.
Струшкиот градоначалник смета дека против него и градот Струга се води негативна кампања, со цел, како што вели, покривање на дивоградбите во Охрид и опасноста која доаѓа со одземање на статусот заштитен град од УНЕСКО на градот Охрид и Охридското Езеро.
Струга и граѓаните веќе подолго време се изложени на континуирани и неоправдани медиумски и политички напади дека се што се работи во Струга е надвор од Законските одредби и спротивно на интересите на државата, односно интересите на УНЕСКО. Имајќи ја предвид оваа состојба и фактичката состојба во Струга, која укажува на фактот дека и пред моето доаѓање на власт, како и од доаѓањето на власѕт навака не е изградена ниту една дивоградба, а најмалку е направена узурпација на државно земјиште или нанесување на штета на еколошката состојба во градот, стои во писмото на Мерко до ресорните министри.
Како градоначалник, посочува дека е притиснат од од бизнис заедницата и турситичките работници од една страна и континуираното и намерно блокирање на туристичкиот развој и зголемување на туриситчките капацитети во Струга од друга страна, каде, како што е наведено, Министерството за транспорт и врски заедно со Комисијата на УНЕСКО одбиваат да донесат било каква промена за деталните урбанистички планови на цела територија на Општина Струга и намерно го блокираат економскит развој на градот.
Истовремено ги принудуваат градежните компании да ги затворат нивните фирми, странските инвеститори да се откажат од инвестициите и хотелиерството во општината со што директно ја поттикнуваат емиграцијата на младите надвор од РСМ. Оваа ситуација ги доведува во опасност и постоечките хотелски и угостителски капацитети во Струга и е директна закана за туристичкито развој на општината, пишува во писмото.
За ова одлука на градоначалникот, според напишаното, ќе бидат информирани и дипломатските претставништва со цел да се прекине оваа негативна кампања спрема Струга, Стружани и него како градоначалник, и да се обезбеди непречен развој на градот.
Comments are closed for this post.