Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 25.270 денари и е за 3,1 отсто поголема од мај 2018 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10.0 %), Градежништво (7.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.2 %).
Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16.5 %), Градежништво (3.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3.6 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во мај била 37.520 денари.
Comments are closed for this post.