Изјавата на претседателот на „истоутробната“ за нас република, сепак, не ја содржи целата вистина. Гоце Делчев се бори не само за ослободување на Македонија (и Одринска Тракија, што во Скопје тенденциозно „се пропушта!“), туку и за обединување на својот народ во заедничка држава-„целокупна“ Бугарија, како што во тие времиња се говорело…
Ова во софиски „Труд“ го пишува извесен професор Пламен Павлов во текст насловен како „Гоце, идеите на Левски и… Санстефанска Бугарија“.
Независно од тактичките движења ВМОРО, тоа има било јасно на сите-како на Бугарија и поробените земји, така и на непријателите на нашето национално обединување, на Србија, Грција, Русија, Османлиската империја и останатите Големи сили, пишува Павлов.
Во продолжение, меѓу другото, Павлов пишува:
Прокламираната од ВМОРО идеја за автономија на Македонија (и Одринска Тракија!) не противречи на идеалите за Санстефанска Бугарија како перспектива. Дури и евентуалното создавање на независна Македонија „…на македонците…“ се разбира како држава на Бугарите (преовладувачки дел од населението во историско-географската област) и на останатите народносни групи. Демократскиот модел и рамноправноста декларирани од ВМОРО се во хармонија со идеите на Левски и БРЦК. Зошто тогаш денес Левски да не се чествува како личност од заедничката историја со Северна Македонија?!
Comments are closed for this post.