Беса ја потсети Владата на сите нерешени случаи. Според нив, овие случаи имаат заеднички именител а се случиле во Владите во кои била ДУИ.
Тие еднаш со ВМРО-ДПМНЕ и еднаш со СДСМ се чуствуваат комотно во владините столчиња и со текот на времето се обидуваат да замолчуваат случаи кои имаат премногу индикации дека се монтирани-велат од партијата.
Беса ги посочува случаите „Сопот“, „Диво Насеље“, „Бродец“, „Алмир“ и уште неколку како нерешени. Како потсетување тие пред Владата оставија кутија со листови како потсетник на сите нерешени случаи.
Comments are closed for this post.