Уште најмалку пет шест лица се вклучени во рекетот, а две од нив се од СДСМ, тврди новинарот Бранко Героски чии приказни, кои ги објавуваше на порталот Плус инфо за „Коки и Кики“, станаа појасни откако се приведени Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Двајцата се товарат за рекет, а токму за тоа во текстовите пишуваше новинарот Бранко Героски. Тој за ТВ21 вели дека во целата афера има уште вклучени лица. Според неговите проценки барем уште пет или шест луѓе учествувале во целиот скандал. Како што вели тој, истрагата на Обвинителството треба да ги да ги докаже овие сомнежи. Сепак, вели дека во рекетарската група има и две лица кои се дел од СДСМ. Героски вели дека не би сакал да изнесува имиња, ниту повеќе детали, бидејќи со тоа би и наштетил на истрагата.
Има работи кои допрва ќе се разоткријат. Треба да се разоткријат врските двајцата осомничени со уште барем пет – шест лица според мојата проценка. Мислам дека тие врски ќе доведат до нови основани сомненија за вмешаност на други луѓе во овој бомбашки рекет, во овој милионски рекет. Мислам дека обвинителството ќе дојде до фаза дека станува звбор за злосторничко здружение. И не е само во прашање рекет и во прашање е и сериозно перење на пари во кои се замешени многу други лица, изјави Героски.
Comments are closed for this post.