Грчкиот Парламент денеска положи заклетва по убедливата победа на конзервативците од „Нова демократија“ на Киријакос Мицотакис на изборите од 7 јули.
Во највисокиот Законодавен дом во Атина по изборите влегоа шест партии.
Парламентот официјално ќе почне со работа утре, откако ќе се избере неговиот нов председател.
Конзервативната Влада на Мицотакис има за цел забрзување на економскиот раст, што планира да го обезбеди, меѓудругото, преку намалување на даноците и приватизациски договори.
Мицотакис, (51) дипломец на Харвард и поранешен консултант на „МекКензи“, исто така, вети дека ќе отвори нови работни места и дека ќе ги ослободи пречките за бизнисот.
Тој за време на викендот ќе ја образложи програмата на неговата влада, а гласањето доверба е закажано за недела.
Победничката „Нова демократија“ обезбеди 158 пратеници во составот на новиот 300-член грчки Парламент.
Comments are closed for this post.