Додека нема одлука од судија за извршување санкции по барањето на Сеад Кочан за одложување на издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО, согласно Законот за извршување санкции се пролонгира неговото заминување во затвор.
Бизнисменот Кочан според упатниот акт денеска требаше да се јави на издржување на затворската казна, откако Кривичниот совет во понеделникот ја потврди одлуката на судијата од Кривичниот суд да се одбие барањето на Сеад Кочан за одложување на издржувањето на затворската казна.
Во меѓувреме Кочан поднел друго барање за одложување на издржување на казната поради болест за што Кривичниот суд се уште нема одлука.
Затворската казна која треба да ја одлежи бизнисменот е поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација. Кочан, кој е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна првично доби шест години казна затвор, но Апелацискиот суд му ја намали казната на четири години и осум месеци.
Comments are closed for this post.