Oбвинителката Лиле Стефанова денеска насласи дека не стравува дека може да биде посочена како инволвирана во целиот случај бидејќи сите одлуки и списи кои излегувале од Специјалното јавно обвинителство ги потпишувала Катица Јанева а не таа.
Сите одлуки секој спис кој ќе излезе единствено го потпишува Јанева и кога е отсутна овластува некој од обвинителите. Јас немам потпишано ниту една одлука ни за пуштање во куќен притвор, ни за давање на патните исправи на Панделевски. Стојам на располагање, отворена сум за се и се јавувам и одговарам на сите прашања. Не стравувам и нема зошто да бидам инволвирана во овој предмет кој вчера го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција-нагласи Стефанова.
Comments are closed for this post.