Обвинителката Вилма Рускоска денеска објаснувајќи го новиот случај што го отвори ОЈО објасни дека двајцата осомничени на третото лице кое се појавува како сведок во овој случај му побарале вкупно 8 милиони евра.
Осомничените го убедиле сведокот за влијанието кој го имал првоосоничениот кај јавната обвинителката и дека за услугата треба да им исплати надомест.
Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците но и во домот на прво осомничениот. При овие средби од сведокот биле побарани најпрво 8 милиони евра најпрво да се запре истражната постапка, а доколку постапката не се запре тогаш во насока на изнаоѓање на олеснителни околности сведокот требало да им исплати 5 милиони евра со тоа што веќе дадените еден милион евра во тој наврат влегувале во тој износ.Останатите 4 милиони евра требало да се исплаќаат сукцесивно на четири рати – објасни Рускоска
Comments are closed for this post.