Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) прифати најголем дел од барањата што ги поднесоа граѓаните исклучени од системот за топлинска енергија во Скопје, посочи денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.
Има одреден дел на потрошувачи чии барања не се прифатени, но ги поттикнувам да ни достават дополнителна документација што повторно ќе ја разгледаме до крајот на месецов и ќе им одговориме, изјави Бислимовски пред почетокот на денешната подготвителна седница на РКЕ.
Во одогвор на прашање претседателот на РКЕ прецизира дека во изминатите месец дена до Комисијата се стигнати уште седумдесетина барања од граѓаните на Скопје кои се исклучени од системот за централно греење.
Comments are closed for this post.