Ако избрзаме со ветингот може да останеме без судии, изјави премиерот Зоран Заев на денешната средба со новинарите.
Одговарајќи на прашањето зошто и две години по доаѓањето на власт се уште нама промени во судството и зошто ветингот не е една од темите за лидерската средба, Заев рече дека негов став било судиите да ги напуштат функциите и да бидат подложни на реизбор, но по укажувањата на ЕУ, тој го променил.
Укажувањата беа дека нема начин како да се пополни празнината. Има 750 судиски места, а моментно се ангажирани 520 судии. Сега разговараме преку Академијата да можат да се ангажираат угледни правници, кои би го полагале испитот по период на обука од пет месеци, рече меѓу другото премиерот Заев.
Comments are closed for this post.