СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(20) од тетовското село Џепчиште, Г.Р.(24) и Б.Р.(25), двајцата од тетовското село Порој, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 22.12.2018 година на локалниот пат село Џепчиште – село Требош, тетовско, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило, управувано од второпријавениот, а прво и третопријавениот биле сопатници, при што била пронајдена и одземена марихуана.