Благодарение на брзата интервенција на капетанијата од приморскиот албански град Валона, спасена е јахта од потонување во која се наоѓале српски државјани.
Јахтата „Ламакоиа“ долга 23 метри пловеше под италијанско знаме. Во се наоѓаа седум српски граѓани. Поради дефект на моторот, доколку не се интервенираше навреме постоеше опасност да потоне, соопшти капетанијата.
По добиениот сигнал за помош синоќа во 21 часот бродот П-116 „Бора“ на капетанијата, лоциран кај островот Сазан ја почнал акцијата за спасување. Јахтата, која се ноаѓала во морските води во близина на островот, била влечена до пристаништето во Валона, каде пристигнала околу четри часот утрово. Патниците се во добра здравствена состојба. На помош бил упатен и патролен чамец на поморската гранична полција.
Comments are closed for this post.