Комисијата за селекција и избор на работници на Управата за безбедност и контраразузнавање објави Јавен повик за кој ќе биде спроведена постапка за селекција и избор на кандидати, кои ќе бидат преземени во Агенцијата за национална безбедност.
Право на пријавување имаат сите работници на УБК во Министреството за внатрешни работи. Рокот за пријавување е до 19 јули 2019 година, соопштија од Агенцијата за национална безбедност.
Од Агенцијата посочија дека Јавниот повик е доставен до сите организациски единици во Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР.
Comments are closed for this post.