Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција, пред 77 години Македонија застана на страната на прогресивното човештво и му кажа не на фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Со таквата одлука, македонскиот народ го направи првиот чекор кон постигнување на идеалот самостојно да се избори за својата слобода. Затоа, денес македонскиот народ им оддава почит и признание на сите оние што пред 77 години го кренаа гласот против фашистичкиот јарем.
А, симболично таквата почит беше искажана со пригодна церемонија и положување цвеќе пред споменикот на Ослободителите на Скопје. Од таму, од дворот на зградата на Владата, присутните испратија порака денот на македонското востание, 11 Oктомври, ја симболизира нашата исконска желба за слобода и правда, за држава која ќе стои зад тие вредности и за иднина која ќе ни ги гарантира.
Како што истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, до дене денешен, како народ сме им вечно благодарни на борците кои не се веќе меѓу нас. Сите тие биле херои – кои ја разбрале и прифатиле одговорноста која ја носи слободата, кои разбрале и прифатиле дека сме одговорни и виновни и за доброто кое не сме го направиле. Тие херои и денес не потсетуваат: слободата не е подарок, туку привилегија, рече Шекеринска.
Свое обраќање имаше и претседателот на Главниот одобор на Сојузот на борците на Република Македонија и учесник во НОВ од 1941 до 1945 година, Никола Стојановски.
Тој потенцира дека поставувањето на темелните вредности на нашата Народноослободителната борба во која се втемелени животите на над 24.000 борци и на вредностите и придонесите на асномска Македонија не се само повикување на траен пиетет кон тие вредности туку пред се потреба на нова храброст за изградба на врзните ткива на нашиот народ.
Пред Споменикот на ослободителите на Град Скопје, цвеќе положија владина делегација, делегација од Собраниеро, претставници на Кабинетот на претседателот, на АРМ, дипломатскиот кор, на локалните самоуправи и здруженија на граѓани.
Comments are closed for this post.