Народното собрание на Република Турција вечерва го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!, објави вечерва на својот Фејсбук профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ратификацијата на Протоколот ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин.
Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификациониот процес на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес, напиша Ашкин на Твитер.
“ The Grand National Assembly of Turkey has completed the ratification process for the Accession Protocol for North Macedonia to NATO. As we did so far, Turkey will continue to support North Macedonia in the Euro-Atlantic integration process.” 🇹🇷🇲🇰 @natopapress @natopa_TR pic.twitter.com/q7b3dFdDPs
— Dr. Osman Aşkın BAK (@OA_Bak) July 11, 2019
Comments are closed for this post.