Премиерот Зоран Заев најави дека ќе реагираат до премиерот на Бугарија Бојко Борисов за неговата изјава во Сараево каде тој говори за „Северноамакедонски политичар“ и „Северномакедонски претседател“, што е спротивно на Договорот од Преспа.

На прашањето на Пресинг ТВ дали смета дека ваквата изјава на Борисов  е намерна или се работи за грешка Заев тврди дека е грешка.

Секако реагираме  и испраќаме нота за да може да се исправат грешките.Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци кои што живееме во Северна Македонија.

 

Борисов вчера во рамки на Самиот во Сараево за бугарските медиуми изјави дека се сретнал со претседателот  Стево Пендаровски.

Северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кои ги кажа работите на најправилен начин.Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата и автономијата на Македонија-изјави Борисов.

Погледнете ја изјавата на Борисов и сами проценете дали се работи за грешка.