По прес конференцијата на премиерот Заев во која тој говореше за измамата од страна на руските комичари кои во телефонски разговор му се претставуваа како претседателот на Украина Петро Порошенко и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со реакција се јави еден од нив.
Пранкерот Вован, во изјава за „Комсомољскаја правда“ го прашува Заев како планира да ја подобри безбедноста во комуникацијата.
Пранкер Вован – опозорившемуся премьеру Македонии: «Тут не связь надо улучшать, а мозг!» Жертва телефонных шутников оправдывается после жесткого розыгрыша и боится отставки: https://t.co/6sGdOwoYXQ
— Пранкер Вован (@evilprank) July 9, 2019
Како тој ќе ја поправи неговата комуникација? Можеби ќе го апдејтира својот телефон. Нема потреба да ја подобрува комуникацијата туку мозокот, вели во реакцијата до својата жртва еден од руските „пранкери“ Владимир Кузенцов (Вован).
Comments are closed for this post.