За 0, 50 денари за литар се зголемува малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а на дизелот се намалува за исто толку.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.07.2019 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.07.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,739 ден/кг.
Comments are closed for this post.