Вооружена група изутрината ограбила експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај. Нема повредени лица. Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета.
Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите
Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план, соопштија од НЛБ Банка АД Скопје.
Средствата на клиентите се сигурни бидејќи, стои во соопштението, банката има осигурување на целиот свој имот и средства.
Comments are closed for this post.