Над 120 000 Французи се потпишаа за правото на петелот Морис да кукурика во зори, a за неговата судбина ќе решава судот.
Сепак, и покрај петицијата, за правото на петелот да кукурика во рани зори ќе решава судот , откако ќе ги испраша тужителот и тужениот. А тужен во овој бизарен случај штои ја подели Франција е петелот Морис.
Политичарите го користат овој случај за да направат споредба меѓу руралната и урбаната Франција, а на социјалните мрежи се шири логото “J’suisse Maurice”.
Центарот на оваа драма се наоѓа во селото Сент – Пјер –д`Олерон , сместено на атлантскиот брег на северот на земјата. Таму живеат седум илјади луѓе , повеќето пензионери.
Двајца од нив не можат да го издржат кукурикањето на Морис , чиј ритуал почнува во 6.30 часот. Тие се жалат дека не можат да спијат од него , па го тужеле петелот. Тужителите се анонимна брачна двојка на возраст од 65 и 70 години.
Како аргумент, освен вознемирувањето навеле и дека имаат право на првенство , зашто од 2004 живеат во куќата , а Морис постои од 2017 и од тогаш ги вознемирува.
Првото рочиште се одржа во четвртокот, а како знак на поддршка на петелот пред судот се собраа група селани со петли во рацете .
Сопственичката на Морис , Корин Фесо, ангажирала и адвокат кој во судницата тврдел дека петелот си кукурика толку силно колку и сите други припадници на неговиот род , а што им пречи на соседите од градот – тоа е нивна работа.
Comments are closed for this post.