Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски денеска со два статуси на Фејсбук ги искоментира случувањата со новата „бомба“ која беше објавена за тендерот за набавка на радарски систем
Во првиот статус Рашковски вели дека одоговорот е многу едноставен и бара сите оние кои се сомневаат да се јават во компанијата „Леонардо“ и да прашаат дали Генералниот секретар побарал материјална или друг вид на корист.
Во втората објава Рашковски вели дека пред пред фактите и боговите молчат и оти не постојат две посебни неба на кои пловиме.
Само едно. Безбедноста е подеднакво битна за сите нас.
Доколку во моментот на инцидентот имало резервен систем кој требало да се набави уште во 2015 година, ризикот од несреќа ќе бил минимален.Некој се обидува грижата за граѓаните да ја покаже како незаконско работење.Граѓаните не’ избрале за да водиме грижа за нив.
За лажните обвинувања на некои политички чинители ќе пресуди судот-пишува Рашковски.
Comments are closed for this post.