Северна Македонија во машка категорија, според најновата клупска ранкинг листа на ЕХФ, го оствари својот најдобар рејтинг на клупски план во ракомет, со што обезбеди загарантиран пласман во Лига на шампиони за 2020/21 година.
Клупскиот ранкинг на Македонија е на третата позиција со 115 бодови, пред Македонија се Германија со 132 бода и Франција со 139 бодови.
Македонија во сезоната 2020/21 загаратирано ќе има еден претставник во Лига на шампиони и три претставници во Европската ракометна лига, а нема да имаме претставник во ЕХФ Куп.
Во женска конкуренција сме на осмата позиција, а со тоа имаме загарантирано место во Лигата на шампиони за сезона 2020/21, а според ранкингот имаме и загарантирани три места во Европската ракометна лига, но нема да имаме претставник во ЕХФ купот.
Comments are closed for this post.