Актерката Софија Лорен ќе се снима во филм за прв пат од 10 години. Лорен која има 84 години, ќе глуми жена, врзана во инвалидска количка, која се грижи за децата на секс – работнички во “Животот пред нас “. Режисер е нејзиниот син Едоардо Понте.
Ова е прв игран филм каде глуми Софија Лорен од 2010 година, кога снимаше во телевизиската продукција “Куќата ми е полна со огледала” .
Софиа Лорен ја започнала кариерата на 16 години во 1950 година . Таа раскажува дека своевремено ја притискале да си направи пластична операција за да го прилагоди “долгиот нос”. Дури сопругот, продуцентот Карло Понте, ја терал, но таа одбила.
Comments are closed for this post.