Фронтменот на групата „Нови Фосили“, Рајко Дујмиќ е уапсен во Загреб под сомневање дека ја претепал сопругата. Тој завршил во притвор откако сопругата Снежана го пријавила дека физички ја нападнал. Ова не е прв пат тој да се однесува насилнички поради проблемите со алкохолот.

Тој е лидер на групата „Нови Фосили“ која беше популарна во осумдесеттите години во поранешна Југославија. Тие требаше да настапат и на Пиво фестот во Прилеп но го откажаа настапот.