Пациентите со трансплантиран бубрег примаат редовна имуносупресивна терапија со цел да се задржи трансплантираниот орган. Лековите се подигаат со конзилијарно мислење издадено од три лекари специјалисти интернисти-нефролози од аптеките во Скопје и во некои градови, соопшти денеска Универзитетската клиника за нефрологија.
Снабдувањето со имуносупресивна терапија досега се одвива непречено, посочува Клиниката и наведува дека во моментот има само недостиг од таблетки Микофенолична киселина од еден од производителите. Формулација на таблетки Микофенолична киселина од друг производител се достапни во аптеките, истакнува Клиниката
Сите лекови за трансплантирани пациенти поминуваат преку редовните контроли на Агенцијата за лекови – МАЛМЕД со потребната комплетна документација за квалитет и нивна сигурност и ефикасност. Досега несакан ефект од лек, алергистки реакции или некои други сериозни несакани ефекти не се пријавени од пациентите на Клиниката за нефрологија. Исто така, нема хоспитализирани пациенти со влошување на функцијата на трансплантираниот бубрег како резултат на терапијата која ја прима, додаваат од Клиниката за нефрологија.
Comments are closed for this post.