Премиерот Зоран Заев нема да го разреши генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кој се најводно местел тендер во М НАВ.
„Не гледам ароганција кај генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, кога човекот јавно се извини, се извини до небо, тоа не е ароганција“, рече Заев и додаде дека и Владата се извинила во италијанската амбасада.
„Се работи за тендер кој е завршен во 2016 година и некој не сакал да го потпише, за тоа ќе има истрага и кривични. Рашковски имал апсолутно право да ги забрзува постапките.Секој кој е арогантен треба да понесе одговорност, но и да објасни. Не може некого да правите салата, тој има право да го заштити својот дигнитет. Не може некој да биде боксерска вреќа. Секој има право на човечко достоинство и право да го заштити своето достоинство“, одговори Заев на прашањето дали Рашковски не е арогантен и кога најави тужби за новинари и медиуми.
Премиерот рече дека Владата нема никого да тужи.
Comments are closed for this post.