Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески попладне го посетија местото каде се излизгаа вагони од товарениот воз кој сообраќал на релација Куманово-Романовце.
Несреќата се случи околу два часот по полноќ во близина на селото Черкези.
Нема повредени лица, но, како што информираа од Македонски железници – Инфраструктура, причинета е голема материјална штета на инфраструктурните постројки, пругата, колосеците, електричните столбови, сигнализацијата, контактната мрежа и оптички кабел.
Според комисијата која е на терен од утринските часови, направена е голема материјална штета на инфраструктурните постројки, пругата, колосеците, електричните столбови , сигнализација, контактна мрежа и оптички кабел. Висината на вкупната штета од овој немил настан, според Комисијата која води истрага за утврдување на причините за несреќата, ќе се знаат по завршување на истрагата, велат од МЖ-Инфраструктура.
Железничкиот сообраќај на релација Скопје-Куманово ќе биде во прекин следните неколку дена. Од Македонски железници – Инфраструктура велат дека екипите се мобилизирани и се работи на терен за да се тргнат вагоните. Од моментот кога вагоните ќе бидат тргнати од пруга, за 24 часа ќе ја ставиме во функција оваа железничка линија, велат од МЖ-Инфраструктура.
Comments are closed for this post.