Во мај 2019 година, стапката на невработеност во земјите од Европската унија (ЕУ) падна на рекордно ниско ниво од 6,3%. Невработеноста во ЕУ се намали од 6,4 отсто во април на 6,3 отсто во мај. Податоците укажуваат на тоа дека опасноста од рецесија е малку веројатна.
Најниска стапка на невработеност е регистрирана во Чешка (стапка на невработеност од 2,2%), потоа Германија (3,1%) и Холандија (3,3%), додека невработеноста остана највисока во Грција 18,1%, но според податоците на Еуростат за март 2019-а), Шпанија (13,6% во мај 2019 година) и Италија (9,9%).
Еуростат исто така обезбеди податоци кои покажуваат дека стапката на невработеност во Бугарија се стабилизира во мај на рекордно историско ниво од април на 4.5% (најниска стапка на невработеност од јануари 2000 – та година).
Македонија, иако бележи историски пад во делот на невработеноста, сепак таа е се уште висока и изнесува 17,8 отсто на крајот од првиот квартал од оваа година во споредба со претходниот квартал, кога стапката на невработеност беше 19,4 отсто.
Comments are closed for this post.