Научници откриле 56 досега непознати езера под ледникот на Гренланд. Според истражувачите, гренландските езера се помали по површина од сличните водени пространства на Антарктикот, но тие почесто се среќаваат во природата, отколку што се сметаше претходно.
Стручните лица од универзитетите во Ланкастер, Шефилд и Стeнфорд во Велика Британија сметаат дека тие содржат остатоци од живи организми, кои живееле во екстремни услови.
Езерата биле откриени со помош на радар на авион, којшто минал вкупно 500.000 километри. Зафатнината на тие води се проценува на 2.800 кубни километри.
Должината на езерата се движи од 0,2 – 5,9 километри. Повеќето од нив се најдени под бавнодвижечки мраз, далеку од постабилните подрачја на Гренланд.
Претходно, на 22 јуни, американските медиуми јавија за џиновски воден слој откриен на североисточниот брег на САД, солена вода, која содржи порозни седименти.
Comments are closed for this post.