Притисокот на власта кон сите кои мислат поинаку од нив продолжува. Денес ми е врачено решението со кое ми престанува работниот однос во Царинската управа бидејќи самоиницијативно сум патувал во странство по второ лекарско мислење. Оваа одлука е директен атак на власта кон мене како избран Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба каде мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ со само еден Советник повеќе од СДСМ, пишува Александар Трајковски на својот Фејсбук профил.
На креаторите на оваа постапка за мое бркање од работа им порачувам дека нема да ме скршат, туку напротив ме мотивираат бидејки тиранот е на колена! Јас ќе се вратам во Царинската управа бидејќи Законот е на моја страна и тоа пред Суд ќе го докажам а оние кој ја спроведоа оваа незаконска постапка ќе одговараат!, додава тој.
Царинската управа отвори истрага за боледувањето на Трајковски, откако на социјалните мрежи се појави фотографија од Трајковски со поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта. Тој потврди дека е на фотографијата, но рече дека во Будимпешта отпатувал за да добие второ мислење за неговиот здравствен проблем со синусите и дишните патишта.
Comments are closed for this post.