Ураганот Мајкл, кој гувернерот на Флорида Рик Скот денеска го опиша како „монструозен“, се засили и сега се класифицира како ураган од втора категорија, не се исклучува неговата сила повторно да се зголеми.

За околу 12 часа ќе ги почувствуваме првите удари. Со децении не сме виделе нешто вакво, рече Скот.

Тој прогнозираше дека „Мајкл“ ќе биде најразорниот ураган во изминатите неколку децении.


На патот на ураганот кон Флорида, се забележани ветрови од околу 155 километри на час. Се очекува ураганот да ја погоди Флорида во среда околу 13 часот по локално време, а во моментов се наоѓа на околу 640 километри од американското копно.

Предупредувања за заштита се издадени во повеќе градови во државата Флорида. По Флорида, ураганот ќе удри низ Џорџија и Јужна и Северна Каролина.