Владата на седница го задолжи Министерството за економија да ја испитува правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на „ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО“ – Скопје на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село.
Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, еднострано да го раскине договорот за концесија со број бр.24-4563/1.
Comments are closed for this post.